• петок, 05 јули 2024

Шеснаесет години од дебитантскиот гол на Меси за Барселона

Шеснаесет години од дебитантскиот гол на Меси за Барселона
Барселона, 1 мај 2021 (МИА) – За многумина Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, а блескавата кариера на Аргентинецот во дресот на Барселона започна на денешен ден пред 16 години. Барселона предводена од Франк Рајкард на клупата и со Бразилецот Роналдињо како главна ѕвезда во тимот, го совлада Албасете на 1 мај 2005 година во рамки на 34. коло во Ла Лига и се закити со шампионска титула во Шпанија за прв пат по пауза од шест години. Меси, кој дебитираше за Барселона претходно истата сезона против Еспањол, влезе во игра на мечот против Албасете во второто полувреме на местото на Самуел Ето и со маестрален лоб-удар на асистенција на Роналдињо, го постигна првиот гол во дресот на каталонскиот клуб на 17-годишна возраст. Оттогаш до денес, 33-годишниот Меси одигра за Барселона 774 натпревари на кои постигна рекордни 668 голови, додавајќи и 292 асистенции. Во изминатите 16 години, Меси со Барселона освои вкупно 35 трофеи што го прави апсолутен рекордер во историјата на каталонскиот клуб. ег/

Остани поврзан