• петок, 13 февруари 2026

Шерон Стоун се расплака на балот во Виенската опера

Шерон Стоун се расплака на балот во Виенската опера

Виена, 13 февруари 2026 (МИА) - Холивудската актерка Шерон Стоун се расплака вчера на балот во Виенската опера. Таа притоа накратко се вратила во својата хотелска соба пред да седне во ложата на балот, потврдија организаторите.

- Ми дојде премногу. Оваа вечер навистина ми го одзеде здивот на најнеобично прекрасен начин - изјави ѕвездата за австриските медиуми.

Глумицата потоа го пофали она што го опиша како чувство на единство и културна гордост на најзначајниот општествен настан во Австрија нарекувајќи го „море од грациозност, елеганција и достоинство“. Нејзин домаќин, инаку, е претприемачот за кондиторcки производи, Карл Гушлбауер.

Холивудската ѕвезда, која се наоѓа среде седмата деценија од својот живот, носеше фустан инспириран од стилот на виенскиот сликар Густав Климт, дизајниран за неа од покојниот италијански моден дизајнер Валентино - пренесе „ЛТ-1“.

Годинешната свеченост на отворањето содржеше елементи од Бродвеј, вклучувајќи ги аријата „Марија“ и сцената на балконот од „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернстин. Балот се смета за водечки општествен настан во Австрија. Билетите чинат 410 евра, а за премиум-пакетите се издвојуваат 26.000 евра. Речиси 400 полицајци беа распоредени за обезбедување. На настанот присуствуваше и австрискиот претседател Александар ван дер Белен.  си/јт/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан