• вторник, 19 ноември 2024

„Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта

„Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта
Москва, 8 март 2022 (МИА) - Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија. „Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта... не беше правилна и жал ни е поради тоа“, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден. Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот. аа/

Остани поврзан