• понеделник, 23 декември 2024

Шекил О'Нил: Те сакам, брат, и ќе ми недостасуваш

Шекил О'Нил: Те сакам, брат, и ќе ми недостасуваш
Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Поранешниот НБА играч и член на „Куќата на славните“ Шекил О’Нил реагираше на смртта на поранешниот партнер на Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. -Нема зборови за да ја искажам болката што ја чувствувам во врска со оваа трагична загуба на мојата убава Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Те сакам и ќе ми недостигаш. Сочувство до семејството Брајант и семејствата на останатите патници кои беа во хеликоптерот. Ова е многу болно, напиша Шек на социјалните мрежи. зс/

Остани поврзан