• понеделник, 02 февруари 2026

Шекеринска: Поддршка од НАТО-сојузниците во справувањето со пожарите - Словенија е подготвена да помогне

Шекеринска: Поддршка од НАТО-сојузниците во справувањето со пожарите - Словенија е подготвена да помогне
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово разговарала со својот словенечки колега Матеј Тонин, при што го информирала за состојбата со пожарите и побарала помош. Како што соопштија од МО, министерот Тонин порачал дека Словенија е подготвена да помогне со сите свои капацитети за гаснење на пожари. - Во разговорот, министерката Шекеринска информираше за вклученоста на Армијата и поддршката која армиските сили ја даваат на државните институции во справување со огнените стихии и изрази благодарност за подготвеноста на нашиот НАТО сојузник, Словенија, да помогне во справувањето со оваа елементарна непогода, стои во соопштението од МО. Министерот Тонин изразил жалење за состојбата и додал дека во неволја се познаваат вистинските пријатели. - Можете да сметате на нас, порачал министерот Тонин. Во соопштението од МО стои дека комуникацијата на ниво на институции за координација на словенечките капацитети за помош во справувањето со пожарите е во тек. цр/са/

Остани поврзан