Шекеринска од Македониум: Нема веќе страв, а има нова слобода
- Носителката на листа во изборната единица пет - Радмила Шекеринска, вечерва пред Македониумот на граѓанската трибина говореше и за постигнувањата и очекувањата на гласачите.
Крушево, 2 јули 2020 (МИА) - Носителката на листа во изборната единица пет - Радмила Шекеринска, вечерва пред Македониумот на граѓанската трибина говореше и за постигнувањата и очекувањата на гласачите.
-Нема веќе страв, а има нова слобода и затоа да бидеме горди на тоа што го сторивме и кога ќе се поклонуваме пред предците и кога ќе се поклонуваме пред спомениците ние знаеме дека тој завет го исполнивме, рече таа.
Исполнивме и друг завет, рече Шекеринска, додавајќи дека едните илинденци се бореле за слобода, другите се бореле за држава.
-Нашите родители, моите родители се бореа за независност ама јас моите колеги, моите другари ние се боревме за следниот чекор ова веќе да не е држава во која стравуваме за утре, да не е држава на која и предвидуваат мрачни сценарија, да не е држава во која стравот од можни војни, конфликти ќе не тера да се плашиме за безбедноста, за сигурноста, за границите. Ние го исполнивме нашиот завет, нашата држава стана членка на НАТО, истакна Шекеринска.
Посочи дека за две ипол години колку што траеше мандатот на владата предводена од премиерот Заев, платата е зголемена од 9.000 на 14.500 денари.
-Знам дека ќе ми верувате затоа што сте свесни дека дури и во најтешкото за време на коронавирусот не дозволивме фирмите да останат сами а луѓето да останат на улица. Ние сме земја членка на НАТО, дел сме од најмоќната алијанса на планетата, веќе не зборуваме за егзистенција, зборуваме за тоа како уште повеќе да го подобриме животот на нашите граѓани. Затоа на 15 јули народот ќе ја донесе правилната одлука. Одлука за напред не за назад. Одлука за иднина а не мрачно минато. Победуваме, порача Шекеринска од Крушево. дма/