• четврток, 19 декември 2024

Шекеринска: Заев е политичарот во Македонија кој ја има највисоката доверба и кај Македонците и кај Албанците

Шекеринска: Заев е политичарот во Македонија кој ја има највисоката доверба и кај Македонците и кај Албанците
Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) - Зоран Заев е политичарот во Северна Македонија кој ја има највисоката доверба и кај Македонците, и кај Албанците и кај сите други етнички заедници. Ако веќе зборуваме за етничката поддршка, тогаш ние од денеска би требало сите со консензус да го поддржиме. Ама тоа не се одлучува на партиски ниту на дебатни емисии, се одлучува на денот на изборите и после изборите, истакна потпретседателката на СДСМ и носителка на кандидатската листа на на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска. Таа посочи дека како пратеник во Собранието гласала Талат Џафери да биде претседател на Собранието, не заради тоа што е Албанец, туку заради тоа што сметале дека е дојдено време за промени во Собранието. - И јас, и моите колеги можеше да го изгубиме животот за тоа што го дадовме гласот. Но велам, тие колеги беа и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми и Власи и Бошњаци сите можевме да бидеме жртва, но не верувавме дека даваме глас за Албанец, туку за човек со име и презиме. Граѓаните очекуваат на овие избори да дадат доверба на луѓе со име и презиме кои ќе ги решаваат нивните проблеми, нагласи Шекеринска. Таа истакна дека кога ќе чукнат на вратите на Инфективна не прашуваат дали ќе ги лечи Милена или ќе ги лечи Имер, туку сакаат да ја добијат најдобрата здравствена заштита. - Ако тоа го правиме за доктори, тоа уште повеќе треба да го правиме за прашањето кој ќе биде премиер. И од тој аспект јас би ви сугерирала на сите колеги малку повеќе да се сконцетрираме на граѓаните, а малку помалку на партиските теми и партиските препукувања, рече потпретседателката на СДСМ. Таа рече оти  не верува дека граѓаните сакаат премиери кои што ќе бидат (отруирани) од партија една, тука сакаат тие луѓе да ги видат претходно, тие луѓе да ги чујат и претходно. - Јас ќе се согласам дека ВМРО-ДПМНЕ ги организираше протестите и се обиде да не убие, заради тоа што не сакаат да ја предадат власта. Меѓутоа ние бевме таму и сите гласавме за Талат да биде претседател на Собранието, и тоа беше поводот за да се обидат да не убијат. Тоа што го покажавме, тоа покажува многу повеќе од зборовите што јас денеска ќе ви ги кажам, дека имаме шанса да ги гледаме луѓето во ова држава најпосле како личности а не како (беџови) вие видовте дека ДУИ практично имаше проблем дека пред овие избори треба да најде тема, и ова им беше резултат на тоа дека бараат тема, а кандидатот го бараа неколку пати бидејќи очигледно неколкумина им одбија, потенцираше Шекеринска. см/сп/

Остани поврзан