• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шекеринска в понеделник на средба со Соренсен

Шекеринска в понеделник на средба со Соренсен

Белград, 28 март 2025 (МИА) - Заменчката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, в понеделник  ќе има средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Петер Соренсен, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштение од НАТО не се дадени други детали за средбата на Шекеринска со Соренсен, кој неодамна беше прва посета на Белград и Приштина по преземањето на функцијата.
Соренсен неделава во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ.

По средбите со српските претставници, тој најави дека ги слушнал нивните ставови за дијалогот и ја истакна важноста на напорите и напредокот во дијалогот.

Минатата недела, тој беше во тридневна посета на Косово каде разговараше со претставници на властите и на Српска листа. зш/

Остани поврзан