• недела, 22 декември 2024

Шекеринска:Оваа 2020 година, е година во која ги реализиравме стратешките приоритети

Шекеринска:Оваа 2020 година, е година во која ги реализиравме стратешките приоритети
Демир Хисар, 9 јули 2020 (МИА) - Оваа 2020 година е година на резултати кои во минатото само сме ги посакувале, 2020 година за секогаш ќе остане како година во која ние ги реализиравме нашите два стратешки приоритети и затоа 2020 година е и година за важна одлука што ќе се донесе на 15-ти јули, истакна на вечерашниот предизборен собир во Демир Хисар, носителот на листата во ИЕ5 Радмила Шекеринска од СДСМ и коалицијата „Можеме“. Стојам пред вас, рече таа, и ја барам вашата доверба за да го завршиме започнатото, да завршиме со градба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија. -Пред само еден ден германската канцеларка Меркел излезе и кажа дека оваа година ги почнуваме преговорите со Северна Македонија, пред неколку дена ја добивме преговарачката рамка во која стои дека нашиот македонски јазик на кој твореле многу ваши сограѓани и ја пишувале најубавата поезија на македонски јазик, ќе биде службен јазик на Европската унија. Тогаш се поставува прашањето кој е патриотот, тој што го избриша македонскиот јазик од европските документи или тие што го вратија македонскиот јазик во европските документи, дали тие кои говорат или тие кои реализираат. За две и пол години направивме многу благодарејќи на вашата доверба  затоа ве повикувам да ни дадете доверба за еден чист четири годишен мандат во кој ќе се видат сите плодови на темелот кој цврсто го поставивме, посочи Шекеринска. Пред членовите и симпатизарите на СДСМ и коалицијата, Шекеринска нагласи дека на 15-ти јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава во која многумина се плашат, а неколкумина владеат со сила и насилство. -Зад нас беа тешки овие две и пол години, но во тие две и пол години покажавме дека кога се сака, тогаш се може, кога се сака може да се влезе во НАТО и да се почнат преговори со Европската унија, но и да се враќаат парите кај граѓаните, да растат платите и пензиите...тоа беше нашата политика. Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси, да се чуваат работните места, да се обезбедат повеќе пари во домашните буџети, а кога се појави корона епидемијата од која страда цел свет, ние покажавме дека и тогаш кога е криза, кога е тешко, кога треба да се носат одлуки, потврдивме дека можете да знаете дека ќе го извлечеме најдоброто, истакна Шекеринска. Вечерва од Демир Хисар, кандидатот за пратеник и носител на листата од коалицијата „Можеме“ Јован Митрески повика на сплотеност и масовно гласање на 15-ти јули за, како што рече, и Марија Кочовска од Демир Хисар да биде избрана за пратеник. мт/цр  

Остани поврзан