• недела, 30 јуни 2024

Шеесет крвни единици собрани во вонредна крводарителска акција во Кавадарци

Шеесет крвни единици собрани во вонредна крводарителска акција во Кавадарци
Кавадарци, 17 август 2022 (МИА) - Шеесет крвни единици се собрани во вонредната доброволна крводарителска акција што денеска се реализираше во кавадаречкиот дом на култура „Иван Мазов-Климе", во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје. -Крв даруваа и неколку дарители за прв пат, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните, бидејќи ова е втора акција по ред со граѓанството во Домот на културата, за временски период  од три месеци. Голема благодарност на крводарителите кои несебично ја прифатија оваа акција, на вработените од Домот на културата, кои даваат максимална поддршка за реализација, притоа мотивирајќи ги и другите граѓани од нашите општини Кавадарци и Росоман да се придружат на хуманите луѓе, рекоа од кавадаречкиот Црвен крст. Оттаму нагласија дека кавадарчани и росоманци се хумани и многу пати досега ја покажале својата грижа за другите луѓе. свд/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан