• понеделник, 23 декември 2024

Шеесет и пет мали семејни винарии од Тиквешко аплицирале за грант од по 600 илјади денари 

Шеесет и пет мали семејни винарии од Тиквешко аплицирале за грант од по 600 илјади денари 
Кавадарци, 4 април 2023 (МИА) - Шеесет и пет мали семејни винарии од Тиквешко аплицирале за грант од по 600 илјади денари, потврди за МИА, Ѓоко Данаилов, раководител на Вардарски регион, при Агенција за поттикнување на развој во земјоделството.  
 
- Грантот за една семејна винарија изнесува 600 илјади денари. Деведесет проценти од тој износ треба да се искористи за опрема и остатокот за да се ангажира стручно лице енолог, појасни Данаилов. 
 
Тој потсети дека во подрачните единици во Кавадарци и Неготино, што се надлежни и за општините Росоман и Демир Капија, бесплатно им биле изработени бизнис плановите на заинтересираните апликанти. 
 
Данаилов истакна дека им стојат на располагање, за помош и поддршка, на сите заинтересирани земјоделци, за понатамошните програми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. свд/дма/
 
Фото : МИА архива

Остани поврзан