• понеделник, 01 јули 2024

Швјонтек експресно до триумф над Паолини во финалето на Ролан Гарос

Швјонтек експресно до триумф над Паолини во финалето на Ролан Гарос

Париз, 8 јуни 2024 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Италијанката Јасмине Паолини во финалето на Ролан Гарос со 6:2 и 6:1.

Денешното финале траеше 1 час и 10 минути. 

Првиот светски рекет имаше еден ас во текот на играта и реализираше 5 од 9 брејк топки. Паолини која е 15-та на ВТА светската ранг-листа имаше еден ас, две двојни грешки и една конвертирана брејк топка од една шанса.

Дваесет и тригодишната Швјонтек трет пат по ред го освои Отвореното првенство на Франција. Вкупно има четири трофеи на Грен слемот во Париз.

Полската тенисерка еднаш стана и шампион на УС Опен во 2022 година. Таа ги освои сите пет Грен слем финалиња.

Швјонтек освои 22 ВТА турнири во текот на нејзината кариера. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан