• понеделник, 23 декември 2024

Швед кариерата ќе ја продолжи во Кина

Швед кариерата ќе ја продолжи во Кина

Москва, 24 октомври 2023 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед одлучи кариерата да ја продолжи во Кина. Според агентот на кошаркарот Обрад Фимиќ, Швед потпишал договор со кинескиот клуб Шанкси Лунгс.

- Сега можеме официјално да кажеме дека Алексеј стана играч на Шанкси Лунгс. Во наредните денови ќе добие виза и ќе одлета во Кина за да им се придружи на нови партнери. Имавме две конкретни понуди од клубови од Евролигата, но поинтересна опција беше со Кина. По НБА и Евролигата, Алексеј го открива новиот шампионат на ЦБА, каде настапуваат многу врвни ѕвезди. Тој навистина сака да ја покаже својата најдобра игра и да му помогне на Шанкси Лунгс да постигне високи цели, изјави Фимиќ.

Во сезоната 2023/24, новиот тим на Швед одигра еден натпревар, губејќи од Гуангдонг Саутерн (118:98).

Покрај Швед, тимот има уште двајца странски играчи - Американците Исаја Тејлор (поранешен член на Атланта и Анадол Ефес) и Џастин Патон (поранешен играч на Оклахома и Филаделфија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан