• понеделник, 23 декември 2024

Шведски град ги поттикнува жителите да си велат „здраво“

Шведски град ги поттикнува жителите да си велат „здраво“

Лулеа, 9 ноември 2023 (МИА) - Градот Лулеа во Шведска, каде што живеат околу 80.000 луѓе, почна кампања за охрабрување на жителите - да се поздравуваат почесто меѓу себе. А, тоа особено важи за лицата за кои се вели дека се интровертни личности.

Во видеото што се шири на интернет, жителите на Лулеа со „крути“ лица одеднаш се разведруваат кога случаен минувач им вели „Здраво“. Видеото е придружено со порака:

„Да се поздравиш со своите соседи е мал потег, но истражувањата покажуваат дека тоа може да придонесе за подобри социјални врски и позитивно влијае врз здравјето, безбедноста и благосостојбата“.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан