• недела, 05 мај 2024

Шведска трет полуфиналист на женското УЕФА ЕВРО2022

Шведска трет полуфиналист на женското УЕФА ЕВРО2022
Лондон, 23 јули 2022 (МИА) - Фудбалерките на Шведска изборија пласман во полуфиналето на женското Европско првенство во фудбал 2022, откако синоќа во четвртфиналето ја совладаа Белгија со 1-0. Резултатот за Шведска го отвори Сембрант во последните минути од продолжението со погодокот во 91. минута на стадионот во Спортското село Ли во Голем Манчестер Во првото полуфинале во Шефилд во 21 часот во вторник на 26 јули Шведска игра со Англија. Победниците од овој натпревар ќе бидат „домаќини“ на финалето во неделата на 31 јули на Вембли. Веќе пласиран полуфиналист на женското фудбалско ЕВРО 2022 е Германија, која во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Холандија што се игра вечерва од 21 часот во Ротерхам. ар/вг/    

Остани поврзан