• сабота, 21 декември 2024

Шведска купува од Бразил воени транспортни авиони „Ембраер“, а ќе продолжи да им продава „Грипен“

Шведска купува од Бразил воени транспортни авиони „Ембраер“, а ќе продолжи да им продава „Грипен“

Стокхолм, 12 ноември 2024 (МИА) – Шведската влада најави дека ќе купи воени товарни авиони од бразилската компанија „Ембраер“, истакнувајќи дека Бразилија за возврат ќе нарача уште борбени авиони „Грипен“ од шведската компанија „Сааб“.

Шведска ќе ја обнови застарената флота Ц-130 на американскиот производител „Локид Мартин“ со авиони Ц-390 „Милениум“ од бразилскиот „Ембраер“, а Бразил ќе нарача уште авиони „Грипен“ од „Сааб„, согласно писмото за намери потпишано во саботата, по долги преговори, од шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон и неговиот бразилски колега Хозе Муцио.

Бразилците во 2010 година потпишаа договор за купување на 36 авиони „Грипен“, а сега го зголемуваат нивниот број.

Во 2010 година Бразил потпиша договор со „Сааб“ за купување на 36 борбени авиони „ЈАС 39 Грипен“ и сега ќе го зголеми бројот на нарачани авиони за 25 отсто, наведе официјален Стокхолм.

-Ова е, се разбира, многу добра вест за „Сааб“ и за Шведска. Знаеме дека Бразил е многу задоволен од напите авиони „JAS“ во својата борбена флота. Со нетрпение очекуваме да продолжиме со разговорите со Бразил за новите нарачки, рече портпаролот на „Сааб“, додавајќи дека договорот сè уште не е потпишан.

Шведска го избра „C-390 Милениум“ на компанијата „Ембраер“ за својата флота од воени транспортни авиони и ќе го започне процесот на купување.

-Шведска спроведе многу детална анализа, ги оцени (понудите на) неколку конкуренти и разговараше со сегашните оператори и клиенти на C-390. Ние сме многу задоволни, рече шефот на воената авијација на „Ембраер“, Боско да Коста Јуниор.

Стокхолм не прецизираше колку бразилски авиони ќе нарача или кога ќе ја формализира нарачката.

На тој начин Шведска се приклучи на групата од пет европски земји кои веќе купија авиони „Ембраер“, вклучувајќи ги членките на НАТО: Чешка, Унгарија, Холандија и Португалија и неутралната Австрија.

„Ц-390“ на „Ембраер“ е составен дел од вооружените сили на воздухопловството и во Бразил и во Јужна Кореја.

„Сааб“ и „Ембраер“ од минатата година заеднички го произведуваат „Грипен“ во Бразил.

Шведското радио, минатиот вторник, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека „Грипен“ ќе го купи и Колумбија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан