• петок, 20 декември 2024

Шведска е подготвена да се договори со Турција за кандидатурата за НАТО, тврди новиот шведски министер за надворешни работи

Шведска е подготвена да се договори со Турција за кандидатурата за НАТО, тврди новиот шведски министер за надворешни работи
Стокхолм, 25 октомври 2022 (МИА)  - Новата шведска влада е решена да постигне договор со Турција за нејзината кандидатура за НАТО, изјави денеска новиот шеф на дипломатијата Тобијас Билстром. Министерот нагласи дека неговата земја може да ги исполни сите точки од „трилатералниот меморандум“ потпишан од Турција, Шведска и Финска на крајот на јуни. „Ќе можеме да го задоволиме меморандумот и неговите различни точки, јас сум сосема сигурен во тоа“, рече Билстром. Оваа година Шведска и Финска аплицираа за приклучување кон Атлантската алијанса по почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари. Нивната одлука беше поздравена од голем број членки на НАТО, но процесот беше блокиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ги Финска и Шведска дека се меки кон Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзините сојузници, кои Анкара ги смета за терористичка организација. Билстром рече дека ја поддржува позицијата на Турција и на Европската унија за ПКК, додавајќи дека таа е терористичка организација „од почеток до крај“ и дека Шведска ја разбира загриженоста на Турција. Меморандумот, исто така, вклучува заложба за „брзо и целосно одговарање на барањата за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам“ издадени од Турција. Новиот шведски министер рече дека неговата земја е подготвена да ги исполни ветувањата, но дека тоа мора да биде „на легален и безбеден начин во согласност со Уставот“. зш/

Остани поврзан