• недела, 22 декември 2024

Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм

Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм

Стокхолм, 7 јуни 2024 (МИА) - Шведската полиција денеска уапси 19 пропалестински активисти кои се забарикадираа на третиот кат од зградата на Кралскиот институт за технологија (KTH) во Стокхолм.

-Тие најверојатно ќе одговараат за попречување и непочитување на полицијата, велат од полицијата.

Активистите околу пладне со столови и маси го блокираа влезот во зградата на институтот, додека дел од демонстрантите извикуваа „Слободна Палестина“ и закачуваа палестински знамиња на прозорците.

Набрзо пред КТХ се појавија луѓе кои ги поддржуваа активистите, како и голем број полицајци кои упаднаа во зградата, пренесоа американските медиуми.

Во данската престолнина, активистите ги тргнаа шаторите од кампусот на Универзитетот во Копенхаген, а некои од нив во средата се преселија на плоштадот на Градското собрание, каде што поставија шаторски камп, барајќи од Данска да ја бојкотира продажбата на оружје на Израел. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан