• петок, 22 ноември 2024

Шведската влада го осуди палењето на Куранот

Шведската влада го осуди палењето на Куранот

Стопкхолм, 3 јули 2023 (МИА) - Шведската влада го осуди палењето на Куранот пред главната џамија во Стокхолм, нарекувајќи го „исламофобичен“ чин, откако меѓународната исламска организација повика на мерки за да се избегне идно сквернавење на муслиманската света книга.

„Шведската влада целосно разбира дека исламофобичните дела извршени од поединци на протестите во Шведска можат да бидат навредливи за муслиманите“, се наведува во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи.

„Силно ги осудуваме овие дејствија, кои на ниту еден начин не ги одразуваат ставовите на шведската влада“, се додава во соопштението.

Осудата дојде како одговор на повикот на колективна акција на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), чие седиште е во Саудиска Арабија, за да се избегне идното сквернавење на Куранот. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан