Швајцарците ќе гласаат на референдум за забрана на вештачки пестициди
- Швајцарија може да стане првата европска земја што ќе забрани вештачки пестициди на референдумот на 13 јуни, а приврзаниците на иницијативата се надеваат дека ќе поттикне слични забрани и во
Берн, 7 јуни 2021 (МИА) - Швајцарија може да стане првата европска земја што ќе забрани вештачки пестициди на референдумот на 13 јуни, а приврзаниците на иницијативата се надеваат дека ќе поттикне слични забрани и во други земји.
Во светот, само Бутан целосно забранува синтетички пестициди, велат приврзаниците кои сакаат да забранат употреба на производи од агрохемиски гиганти како што се швајцарската „Синџента“ и германските „Баер“ и БАСФ.
Застапниците на забраната велат дека вештачките производи предизвикуваат сериозни здравствени проблеми и го загрозуваат биодиверзитетот. Производителите тврдат дека нивните пестициди се строго тестирани и регулирани, дека можат безбедно да се користат и дека земјоделските култури ќе се намалат без нив.
Друга иницијатива изгласана истиот ден е да се подобри квалитетот на водата за пиење и храната во Швајцарија со укинување на директните субвенции за земјоделците кои користат вештачки пестициди и антибиотици за добиток.
Швајцарија е поделена во невообичаено жестока дебата за иницијативите и резултатите од референдумот може да бидат тесни. Неодамнешната анкета на Тамедија покажа дека 48 проценти од гласачите ја поддржуваат иницијативата за водата за пиење, а 49 проценти се за забрана на пестициди.
- Доколку предлозите поминат, земјоделците треба да имаат рок на траење до 10 години, што ќе и овозможи на Швајцарија да стане пионер на органска храна и пример за остатокот од светот, рече швајцарскиот производител на вино Роланд Ленц, 51-годишен органски земјоделец чие лозје е опкружено со земјоделци кои се противат на иницијативата.
Тој вели дека „во прашање е чиста вода, еден од темелите на животот“.
„Синџента“, со седиште во Швајцарија и во сопственост на кинеската Национална хемиска корпорација, се спротивставува на иницијативите и тврди дека забраната ќе ги намали земјоделските култури до 40 проценти. паг/