• сабота, 23 ноември 2024

Швајцарците на референдум ќе гласаат за ограничување на бројот на граѓани од ЕУ

Швајцарците на референдум ќе гласаат за ограничување на бројот на граѓани од ЕУ
Женева, 25 септември 2020 (МИА) - Швајцарците овој викенд ќе гласаат за обновениот предлог за ограничување на бројот на државјани од земјите на ЕУ на кои ќе им биде дозволено да работат и да живеат во нивната земја. Оваа мерка ја застапува популистичката Народна партија на Швајцарија, која сака граѓаните на земјата да имаат повластен пристап до работни места, социјална заштита и други бенефиции. Референдумот ќе заврши во недела, а на него ќе се гласа и за некои други прашања. Швајцарците, меѓу другото, ќе гласаат на референдум за тоа дали ја поддржуваат „иницијативата за ограничување“. Со усвојувањето на оваа иницијатива се бара властите во Швајцарија и ЕУ да преговараат во рок од 12 месеци, со цел да се склучи договорот за слобода на движење. Доколку не се постигне договор во тој рок, Швајцарија може еднострано да се повлече од овој договор и да забрани какви било слични договори во иднина. На сличен референдум во 2014 година, Швајцарците со мало мнозинство гласаа за ограничување на пристапот на граѓаните на ЕУ за работа и живеење во нивната земја, но Парламентот одлучи да не ја усвои иницијативата, главно од страв од силно влијание врз општеството и економијата. паг/  

Остани поврзан