• сабота, 21 декември 2024

Швајцарците на референдум се изјаснија за нула емисии на гасови до 2050 и за повисок данок за големите компании

Швајцарците на референдум се изјаснија за нула емисии на гасови до 2050 и за повисок данок за големите компании

Берн, 18 јуни 2023 (МИА) – Мнозинството Швајцарци денеска на референдум го поддржаа планот за нулта емисии на гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година, покажуваат првичните резултати. Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот.

Швајцарците на денешниот референдум одобрија и воведување на данок од 15 проценти за големите компании, што се активни на меѓународно ниво.

Законот за климата го поддржале 58,7 отсто од граѓаните, додека повеќе од 79 проценти се изјасниле за новиот данок.

Референдумот за климата беше распишан по кампањата што ја почнаа научниците и еколозите за спас на швајцарските глечери, кои се топат со алармантна брзина.

Учесниците на кампањата првично предложија поамбициозни мерки, но подоцна го поддржаа планот на Владата, кој предвидува дека Швајцарија ќе постигне нула емисии до 2050 година.

Глечерите во Швајцарија минатата година доживеаја рекордно топење, губејќи повеќе од шест отсто од својот волумен. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан