Швајцарски кантони предупредуваат на ризичен „предизвик со парацетамол“ на ТикТок
- Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа ТикТок.

Женева, 31 јануари 2025 (МИА) - Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа ТикТок.
Како дел од „предизвикот“, млади и деца се предизвикуваат меѓусебно да земат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, јави Свисинфо.
Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на младите луѓе. јт/
Фото: МИА архива