• петок, 22 ноември 2024

Швајцарија укинува дел од рестриктивните мерки

Швајцарија укинува дел од рестриктивните мерки
Берн, 2 февруари 2022 (МИА) - Швајцарија денеска почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради Ковид-19, откако не беа оправдани стравувањата дека многу заразниот сој Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем. Од полноќ се укинува карантинот за лицата за контакт на заразените со коронавирус, соопшти Владата. Властите препорачуваат доколку е можно граѓаните да продолжат да работат од дома. Сепак, останува условот луѓето кои се позитивни на Ковид-19 да останат во изолација пет денови. Владата предложи да престане тестирањето и собирањето податоци за патниците кои пристигнуваат од странство кои не можат да докажат дека се вакцинирани или дека прележале Ковид-19. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан