Швајцарија противник на САД во финалето на хокеарскиот Мундијал 2025
- Репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за трофејот на Светското првенство во хокеј на мраз 2025.
Стокхолм, 24 мај 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за трофејот на Светското првенство во хокеј на мраз 2025.

Во второто полуфинале, Швајцарците вечерва во Стокхолм ја декласираа Данска со 7:0.
Стрелци на головите беа: Нино Нидерајтер (два), Кен Џегер, Денис Малгин, Сандро Шмид, Демиен Риат и Тајлер Мој.
Противник на Швајцарија во утрешното финале ќе биде селекцијата на САД.
Швајцарија втора година по ред стигна до финалето на првенството. Во 2024 година, Швајцарците загубија од Чешка во решавачкиот натпревар (1:2).
Данска исто така утре, ќе се соочи со Шведска во натпреварот за бронзениот медал. зс/
Фото: ЕПА