• сабота, 21 декември 2024

Шаќири: До петок конкретни препораки, стручните соработници во школите ќе се организираат на ниво на општини

Шаќири: До петок конкретни препораки, стручните соработници во школите ќе се организираат на ниво на општини

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Повеќе од 15 меилови, меѓу кои конкретни предлози од наставници и родители, пристигнале на електронската адреса за пријавување насилство во училиштата, соопшти вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Шаќири најави дека до петок ќе бидат соопштени препораки со конкретни чекори како да се постапува во одредени ситуации согласно постојните закони. Стручните соработници во училиштата, пак, педагози, социолози и психолози, е предвидено да се организираат на ниво на општини, и континуирано да имаат состаноци со ученици и родители.

-Можно е да се воведат препораки многу брзо, а може и да се усвојат препораки кои би важеле од идната учебна година. За мене во овој период беше важно тоа што се вклучија сите во процесот на она што треба да се промени - упатства, закони и правилници. Сите институции реагираат веднаш зависно од ситуацијата ако се пријави нешто од наставник, ученици, родители, а и никогаш не треба да се остава ништо на случајност. Настанот во Србија беше силен аларм за сите нас и сигнал што поефикасно да ги вклучиме сите институции во системот, потенцира Шаќири во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Тој информира дека е отворена дискусија и за употребата на социјалната мрежа Тик-ток. Дел од ставовите се таа целосно да се забрани, а дел да се ограничи.

-Сепак, потребна е детална анализа, како може да се постапува согласно законите, но за ова прашање мора да се изјаснат и ИТ експертите. Има лоши примери од родителите, им се дава на најмладите да ја користат оваа алатка. Сите институции треба да проверуваат какви материјали се употребуваат на овие социјални мрежи, кои возрасни групи граѓани ги користат, кои материјали може да излегуваат од нив, а кои не, рече министерот според кој во одредено училиште во земјава има целосна забрана за употреба на мобилни телефони за време на часовите што е, оцени, добар пример.

За случајот во школото „Браќа Миладиновци“ министерот информира дека има повеќе од 12 записници. Случајот е пријавен и во Центарот за социјални работи.

-Вчера имав средба со група родители, а денеска раководството дојде во МОН. Досега е постапено, но од утре ќе има и конректни чекори, истакна Шаќири.

Како што рече министерот во гостувањето, дојави за бомби нема. мч/са/

 

   

Остани поврзан