• понеделник, 23 декември 2024

Шаќири во Лондон се сретна со стипендисти на МОН кои студираат на престижни универзитети

Шаќири во Лондон се сретна со стипендисти на МОН кои студираат на престижни универзитети
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во рамки на посетата на Лондон, каде се одржува Светскиот образовен форум, денеска се сретна со група студенти кои студираат на престижни британски високообразовни установи со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука. - Драго ми е што се сретнав со вас и што имаме можност да поразговараме за вашето искуство околу студирањето на врвните универзитети, за што имате целосна поддршка од мене и Владата на Северна Македонија. Верувам дека некој од вас ќе биде следниот Елон Маск, кој што ќе може својот потенцијал да го инвестира со огромен успех на нашиот пазар, со што покрај личниот успех, целосно ќе го искористи и за напредок и промоција на нашата држава, за подобрување на образованието, промоција на претприемништвото кај младите и натамошна демократизација на државата, истакнал Шаќири. Шаќири, како што соопшти МОН, нагласил дека планот на Владата е да продолжи финансиската поддршка за младите кои сакаат да студираат на некој од најдобрите светски универзитети. Вкупно девет студенти од Северна Македонија студираат на Kings College, University College of London и Imperial College London, со стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука за сите студенти кои ќе успеат да се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од првите 100 универзитети во светот според Шангајската ранг листа. - Средбата на министерот со студентите е во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Лондон и амбасадорката Александра Миовска, информираа од Министерството за образование и наука. рп/бак/

Остани поврзан