• недела, 22 декември 2024

Шарл Мишел против бојкотот на унгарското претседателство со ЕУ

Шарл Мишел против бојкотот на унгарското претседателство со ЕУ

Брисел, 31 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел објави дека е против идејата за бојкот на претстојните европски собири под унгарското претседателство со ЕУ, нарекувајќи го тоа „лажна добра идеја“.

Унгарија - чиј премиер Виктор Орбан се издвојува во рамките на Европската унија за неговите симпатии кон Русија - ќе биде домаќин на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ) на 7 ноември, на кој ќе учествува Грузија, по што ќе следи состанок на лидерите на ЕУ на 8 ноември.

„Бојкотирањето на состанокот во Будимпешта е многу лоша идеја“, изјави Мишел за време на посетата на Женева, каде што се состана со шефовите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и големите агенции на ОН.

„Знам дека некои се во искушение да бојкотираат затоа што има иритација во голем број главни градови поради изјавите или патувањата на унгарскиот премиер; и се обидувам да ги убедам моите пријатели кои длабоко веруваат во европското единство и европската интеграција да не бидат искушувани од лажна добра идеја“, додаде тој.

Орбан во вторникот во Тбилиси рече дека парламентарните избори во Грузија, чии резултати беа жестоко оспорени од про-ЕУ опозицијата, биле „слободни и демократски“. зш/

Остани поврзан