• петок, 22 ноември 2024

Шарапова објави крај на кариерата

Шарапова објави крај на кариерата
Њујорк, 26 февруари 2020 (МИА) – Руската тенисерка Марија Шарапова ја заврши кариерата, објави „Њујорк тајмс“. Триесет и двегодишната тенисерка на ваков чекор се решила поради зачестените повреди кои ја спречија да се врати во претходната форма. Русинката се обидуваше изминатиете15 месеци да ги надмине проблемите, но не уиспеа. Во 2016 година беше суспендирана поради користење забранета супстанца – мелдониум. Таа тврдеше дека не знаела дека лекот е на листа забранети супстанци на Светската агенција за борба против допингот. Шарапова во текот на својата кариера има освоено пет титули на Грен слем турнирите, првата на Вимблдон кога имаше 17 години. Според „Форбс“, атрактивната Русинка до 2015 година, пред нејзината суспензија, заработила околу 30 милиони долари и е женски спортист со најголема заработувачка за 11 години. По враќањето на терените кога и заврши суспензијата во 2017 година, Шарапова се соочи со отпор. Некои официјални претставници на турнирите одбиваа да ја покануваат, додека некои од ривалките искажуваа незадоволство кога добиваше „вајлд карта“, тврдејќи дека е неправедно тенисерката која била санкционирана поради допингување, да добива „специјална покана“ за учество. зс/

Остани поврзан