Шарапова доби вајлд-карта за Австралија опен
- Руската тенисерка Марија Шарапова доби вајлд-карта за учество на Австралискиот опен, објавено е на веб-страница на турнирот.

Мелбурн, 8 јануари 2020 (МИА) - Руската тенисерка Марија Шарапова доби вајлд-карта за учество на Австралискиот опен, објавено е на веб-страница на турнирот.
Според рејтингот, 32-годишната Русинка не влезе во главната ждрепка на турнирот, но таа со посебната покана од организаторот на Грен слемот доби шанса за учество.
Шарапова, која го зазема 147-то место на ВТА ранг листата, вчера загуби од Американката Џенифер Брејди во првото коло на турнирот во Бризбејн. Минатата година таа одигра само 15 меча поради разни здравствени проблеми. зс/