• недела, 22 декември 2024

Шампионот Љуботен се засили со две бразилски фудбалерки

Шампионот Љуботен се засили со две бразилски фудбалерки
Тетово, 8 јули 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Љуботен ги засили своите редови пред стартот на новата сезона во домашното првенство и настапите во квалификациите во Лигата на шампиони со бразилските фудбалерки Мајса Бенедито и Чеуру Гоја. Дефанзивката Бенедито и голгетерката Гоја во Љуботен ќе и се приклучат на сонародничката Едите Пресилиа, која изминатата сезона постигна 32 голови во дресот на шампионот од Тетово. Паралелно со ова, Љуботен денеска најави нови засилувања во своите редови пред настапот во Лигата на шампиони и дуелот против австрискиот првак Сент Полтен од првото квалификациско коло, што на 18 август ќе се игра во Скопје. ег/аа/  

Остани поврзан