• петок, 17 мај 2024

Шампионот Баскет Кам се засили со репрезентативка на БиХ

Шампионот Баскет Кам се засили со репрезентативка на БиХ

Македонска Каменица, 7 февруари 2024 (МИА) - Актуелниот македонски женски кошаркарски шампион Баскет Кам и воедно моментален лидер на табелата во Првата лига доби големо засилување.

Клубот од Македонска Каменица во продолжението од сезоната ќе биде побогат во ростерот за репрезентативка на Босна и Херцеговина, Драгана Зубац.

Станува збор за 22-годишна кошаркарка која игра на бековските позиции и поседува добри физички предиспозиции. Последен клуб на Зубац беше Херцег Нови од Црна Гора, а има и завидна интернационална кариера.

Зубац има настапувано за Бенфика од Португалија, Хатај од Турција, ПИНКК од Унгарија, ЦС Тара Барсеи од Романија, Есперидес од Грција, како и Бановиќи и Млади Краишник во БиХ. зс/

Фото: Баскет Кам

Остани поврзан