• петок, 05 декември 2025

Шалтерот за издавање уверение за државјанство во МРТВ ќе работи до 19 часот

Шалтерот за издавање уверение за државјанство во МРТВ ќе работи до 19 часот

Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради зголемениот број барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08:00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

Од МВР потсетуваат дека услугата за издавање Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.фф/вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан