• четврток, 11 јули 2024

Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ со ново работно време

Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ со ново работно време
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Од денеска шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  ќе работат со ново работно време, и тоа, од понеделник до петок од 7:30 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, информираат од претпријатието. Промената на работното време, како што соопштуваат, е поради новонастаната ситуација со коронавирусот и новите временски интервали за полициски час. Воедно повикуваат граѓаните да ја користат можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на: 02 3073 010 - Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300 - Дирекција, и мејловите: kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk, www.facebook.com/jpvodovod.skopje. ар/лв/  

Остани поврзан