• недела, 17 ноември 2024

Шаленберг од Софија изрази надеж за почеток на преговорите на Скопје и Тирана во јуни

Шаленберг од Софија изрази надеж за почеток на преговорите на Скопје и Тирана во јуни

Софија, 9 мај 2022 (МИА) - Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Софија изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Северна Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни.

Шаленберг додаде дека не треба да се дозволи „поинаков начин на живот“ во регионот на Западен Балкан.

- Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан, предупреди тој во Софија.

Шаленберг имаше средба во Софија со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на која станало збор и за геополитичката ситуација по руската инвазија.

На прес-конференција Генчовска нагласи дека постои постојана поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

- Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, изјави таа. зш/ац/

фото: БТА

Остани поврзан