• четврток, 18 јули 2024

Шакири сака во Рома, Клоп не го дава

Шакири сака во Рома, Клоп не го дава
Рим, 19 јануари 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џердан Шакири е подготвен да се пресели во составот на Рома. Швајцарецот не е задоволен од малото време што го добива кај „црвените“ и е склон да го напушти „Енфилд“. Но, менаџерот на тимот, Јирген Клоп е против договорот. Тимот од Мерсисајд веќе одби понуда од италијанскиот клуб. Германскиот стратег сака Шакири да остане во Ливерпул барем до летово. Тимот на „Енфилд“ е лидер во Англија и е апсолутен фаворит за титулата во Премиер Лигата, која ја нема освоено веќе 30 години.

Остани поврзан