• четврток, 26 март 2026

Шабан Салиу: Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина

Шабан Салиу: Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина

14 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на Ромите(ДСР) д-р Шабан Салиу,  во видео порака до граѓаните повика на промена на политиката во оваа скопска општина и на избор на патека што носи конкретни резултати за граѓаните, се вели во соопштението од неговиот изборен штаб. што МИА го пренесува интегрално.

„Верувам дека нашите деца во Шуто Оризари заслужуваат повеќе. Токму затоа треба да ја направиме промената,“ порачува Салиу во видеото, нагласувајќи дека крајно време е да се напушти логиката „партија за функција“ и да се избере „патеката која води до конкретни дела“.

Во видео-обраќањето, Салиу нагласува дека довербата на граѓаните ќе ја враќа со мерливи резултати и отчетност во секој чекор.

 „Не ветувам чуда, ветувам работа што се гледа и одговорност што се чувствува. По 19-ти октомври ќе зборуваат делата“, порачува Салиу.

Тој порача и дека општината мора да се врати кај граѓаните.

„Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина,“ упатува порака до жителите на Шуто Оризари, претседателот на ДСР и кандидат за градоначалник, д-р Шабан Салиу.

Салиу упатува и јасен повик за мобилизација на изборниот ден: „Заокружете го бројот 24 — НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“

ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=11NgmiBKk9E

Демократски сили на Ромите (ДСР)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан