Шабан Салиу со пензионерите во Шуто Оризари по повод Меѓународниот ден на старите лица
- Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), д-р Шабан Салиу, вчера оствари средба со пензионери од општината по повод Меѓународниот ден на старите лица.
2 октомври 2025
Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), д-р Шабан Салиу, вчера оствари средба со пензионери од општината по повод Меѓународниот ден на старите лица. Целта на средбата е дијалог за потребите на највозрасните сограѓани и претставување на приоритетите за системска поддршка, активен живот и поголема безбедност во маалата, се наведува во соопштението од ДСР што МИА го пренесува интегрално.
„На Меѓународниот ден на старите лица го повторуваме нашето ветување дека секој пензионер заслужува сигурност, почит и внимание – секој ден, а не само денес. Со изборот на бројот 24 на локалните избори ќе обезбедиме повеќе програми, активности и поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Време е да им вратиме на постарите генерации дел од љубовта и трудот што тие го вложија за сите нас,“ изјави д- р Салиу.
На средбата беа претставени и дел од програмските приоритети на д-р Шабан Салиу, а кои се насочени кон овозможување на дневни и клубски активности за пензионерите, мобилна услуга за домашна поддршка, превентивни здравствени пунктови со бесплатни мерења и совети, субвенции за културни настани, како и програми за меѓугенерациска солидарност и дигитална писменост.
Д- р Салиу најави дека приоритет ќе биде редовен календар на активности во соработка со здруженијата на пензионери, јавна транспарентност за нивната реализација и директна линија за пријава и брза интервенција на општинските служби во случај на итни потреби на пензионерите.
„Нашата визија е јасна – достоинствен и активен живот за секој пензионер во Шуто Оризари, со мерливи резултати и отчетност пред граѓаните,“ додаде д-р Салиу.
ДСР