• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чурлинов стрелец во елиминацијата на Јагелонија

Чурлинов стрелец во елиминацијата на Јагелонија

 

Скопје 17 април 2025 (МИА) – Полска Јагелонија, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, го заврши настапот на европската сцена, откако вечерва одигра нерешено 1-1 на домашен терен против Бетис и со вкупен резултат од 3-1 доживеа елиминација во четвртфиналето во Конференциската лига.

Шпанскиот тим поведе со голот на Седрик Бакамбу во 78. минута, а израмни Чурлинов во 81. минута.

Полскиот играч Кристофер Хансен постигна гол во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, но по сугестија од ВАР собата истиот беше поништен поради офсајд.

Бетис во полуфиналето ќе игра против Фиорентина, која вечерва одигра 2-2 на домашен терен против Цеље и со вкупен резултат од 4-3 го елиминираше словенечкиот тим.

Вечерва се играат уште два четвртфинални реванш натпревари: Челзи – Легија и Рапид – Ѓургарден. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан