• петок, 05 декември 2025

Чуамени: Среќен сум што работам со Алонсо

Чуамени: Среќен сум што работам со Алонсо

Мадрид, 11 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, ги искажа своите впечатоци за работата под водство на главниот тренер Чаби Алонсо, кој го замени Карло Анчелоти.

-Искрено, среќен сум со него. Вистина е дека добро се справувам со тренерот и дека тој има нови идеи за мене и за тимот, но мислам дека од почетокот на 2025 година, работите тргнаа многу подобро за мене и веќе се чувствував добро со Анчелоти. Во секој случај, мојата идеја сега е да се фокусирам на секој натпревар, да им помагам на моите соиграчи и да продолжам да растам.
Постојат разлики помеѓу Карло и Чаби, тоа е нормално, секој од нив има свои идеи и свој стил, но тие се двајца одлични тренери, изјави 25-годишниот Французин за „Marca“.

Во сезоната 2025/26, Чуамени настапи на три натпревари во Ла Лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан