• понеделник, 26 јануари 2026
Чорба од леќа и зеленчук

Вкусно, едноставно и брзо јадење кое ќе ни го зајакне имунитетот и убаво ќе нè стопли во текот на овие зимски денови... 

 

         Состојки:

  • 200 грама леќа
  • маслиново масло
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 корен од целер + стебло (листови)
  • 1 свежа пиперка
  • 1 праз
  • 2 чешниња лук
  • 2 средни компири
  • 50 мл доматно пире
  • по вкус зачини: чили, сол, бибер
  • 1 китка сецкан магдонос

 

Подготовка:

Добро измијте ја леќата, нема потреба да ја потопувате.Пржете го сецканиот кромид во маслиново масло додека малку не омекне, додадете ги сецканите моркови, пиперките и целерот. Кога ќе поруменат, додадете го сецканиот праз, лукот и чилито. Налејте доволно вода за да ги покрие состојките, додадете ги сецканите компири, доматите, леќата, сол и црн пипер. Посипете со магдонос, но оставете малку за крај. Гответе на тивок оган околу 20 минути, додека зеленчукот и леќата не се сварат. Додадете уште малку вода доколку е потребно, но погрижете се да остане густа. Просипете ја сварената чорба со преостанатиот сечкан магдонос пред сервирање.Сервирајте топло.

Фото: Фрипик

Остани поврзан