• понеделник, 23 декември 2024

Човекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското Езеро

Човекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското Езеро

Охрид, 26 август 2024 (МИА) – Интересна содржина во рамки на годинешното издание на Охридскиот фестивал на вода, со обидот на Јане Петков да го повтори неверојатниот подвиг на Хари Худини, да се ослободи од синџири и лисици од дното на Охридското Езеро

Атрактивната точка 70-годишниот Петков ќе ја изведе утре на пладне на Сараиште, секако под будно око на спасителите од охридскиот Црвен крст.

Претходно во рамки на активностите на „Ohrid Water Festival 2024“, Петков вечерва во 19 часот ќе одржи презентација на тема „Неверојатните можности на човечкиот дух“, на која тој ќе открие интересни техники за дишење и медитација пред неговиот нов подвиг.

Инаку, овој интересен обид е втор настан што Општинската организација на Црвениот крст од Охрид го организира со Јане Петков. Првиот настан беше организиран во септември 2013 година, кога за гинисов рекорд  Петков на Охридското Езеро преплива повеќе од два километри целосно врзан во вреќа.

Јанко Петков е роден на 6 август 1954 година во Сандански, Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб „Вихрен“ од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција. На почетокот на 1990-тите тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив само кога ќе допливаше до работ на базенот. „Човекот амфибија“ има и неколку рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа. аб/са/

фото/Црвен крст Охрид

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан