• петок, 05 декември 2025

Чикаго го продолжи договорот со тренерот Донован

Чикаго го продолжи договорот со тренерот Донован

Чикаго, 28 јули 2025 (МИА) – НБА-лигашот Чикаго го продолжи договорот со тренерот Били Донован. Сепак, клубот не го откри рокот на договорот или финансиските услови.

Шеесетгодишниот Донован работи за Чикаго од 2020 година. Тој исто така ги тренираше Оклахома и Флорида во НБА.

Во сезоната 2024/25, Чикаго го освои деветтото место во Источната конференција во основниот дел.

„Биковите“ не успеаја да се пласираат во плејофот, бидејќи во плејинот загубија од Мајами со 109:90. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан