Чешка разгледува три варијанти за спас од затворање на Радио Слободна Европа
- „Кога РСЕ почна да ја емитува програмата, тоа беше светилник за оние на кои тоталитарниот режим им ја одзеде вистината. Денес ситуацијата е иста. Од Белорусија до Иран, од Русија до Авганистан, Слободна Европа и Гласот на Америка се меѓу ретките бесплатни извори за луѓето кои не живеат во слобода“, рече министерот Липевски на Х.

Прага, 16 март 2025 (МИА) – По вчерашната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на Радио Слободна Европа (РСЕ), шефот на чешката дипломатија Јан Липавски денеска изјави дека затворањето на ова радио, што беше светилник на независни информации за Чесите и Словаците за време на Студената војна, ќе биде загуба за сите луѓе кои веруваат во демократија.
„Кога РСЕ почна да ја емитува програмата, тоа беше светилник за оние на кои тоталитарниот режим им ја одзеде вистината. Денес ситуацијата е иста. Од Белорусија до Иран, од Русија до Авганистан, Слободна Европа и Гласот на Америка се меѓу ретките бесплатни извори за луѓето кои не живеат во слобода“, рече министерот Липевски на Х.
Прага размислува како да ја спаси од затворање култната радио станица, во која се заолниле некои од најистакнатите чешки интелектуалци за време на комунистичкиот режим, дознава дневниот весник „Млада фронта Днес“.
Чешката дипломатија гледа три можности да ја спаси Слободна Европа од затворање: државата да ја кофинансира програмата, европските земји и Канада да се здружат да го преземат радиото од САД и да го финансираат, или да се најдат приватни финансиери.
Чешките коментатори апелираат до Европската унија, а особено до нејзините источноевропски членки, сега да го вратат моралниот долг кон радиото од времето на Студената војна.
Чешките медиуми предупредуваат дека Радио Слободна Европа е вредно и поради широката мрежа на контакти на неговите новинари во земјите каде што ја емитува програмата и каде што независните новинари не можат слободно да работат.сд/
фото:ЕПА