• четврток, 26 март 2026

Чешка преку Иран до полуфинале на СП во одбојка

Чешка преку Иран до полуфинале на СП во одбојка

Пасај, 25 септември 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Чешка го победи Иран и стигна до полуфиналето на Светското првенство во одбојка 2025 година.

На натпреварот одигран попладнево во Пасај, Филипини, чешките одбојкари беа поуспешни со 3:1 (22:25, 27:25, 25:20 и 25:21).

Во полуфиналето, Чешка ќе се соочи со победникот од натпреварот САД-Бугарија. 

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Полска и Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан