• четврток, 26 март 2026

Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево

Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево

Скопје, 14 септември 2025 (МИА) – Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.

Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба. 

За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во 13.00 часот, заедно со директорот на Токсикологија, д-р Арѓенд Имери. хс/ сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан