• четврток, 04 декември 2025

Четири кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи

Четири кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи

Куманово, 11 ноември 2025 (МИА) - Четири повозрасни кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами.

- Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги. ам/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан