• понеделник, 16 март 2026

Четири голмани на Баерн се надвор од игра поради повреди, 16-годишниот Прескот би можел да дебитира против Аталанта

Четири голмани на Баерн се надвор од игра поради повреди, 16-годишниот Прескот би можел да дебитира против Аталанта

Минхен, 15 март 2026 (МИА) - Голманот на Баерн, Свен Улрајх, заработи повреда на аддукторскиот мускул на десната бутина во ремито 1:1 вчера против Баер Леверкузен во натпревар од 26. коло од германската Бундеслига.

Тој е четвртиот голман на тимот од Минхен кој е надвор од игра поради повреда. Претходно, Мануел Нојер заработи истегнување на листот, на Јонас Урбиг му беше дијагностициран потрес на мозокот, а на Леон Кланац повреда на бутот.

Според Кикер, 16-годишниот Леонард Прескот би можел да дебитира во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта.

Баерн ќе биде домаќин на Аталанта во среда, 18 март. Првиот натпревар меѓу екипите заврши со резултат од 6:1 во корист на Баварците. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан