• четврток, 21 ноември 2024

Четириесет питулици со маџун се служат денеска во Ресава

Четириесет питулици со маџун се служат денеска во Ресава
Кавадарци, 22 март 2021 (МИА) - Четириесет питулици со маџун се служат денеска во Ресава кај Тиквешко Езеро, традицијата продолжува во кавадаречкото село и оваа година, за МИА потврдија од семејството Бикови. -Отсекогаш се терал овој адет на верскиот празник „Свети четириесет маченици”. На времето ги правеше баба ми, продолжи мајка ми, а сега ги приготвува мојата сопруга Вера. Со нив ги послужуваме оние што денеска ќе поминат во нашиот дом или во дворот. Заради пандемијата од коронавирус масовни посети нема. Ама и ако дојде некој, гледаме да ги почитуваме превентивните мерки, рече Илија Биков. Тој додаде дека според традицијата, питулиците се служат со познатиот тиквешки маџун, производ од грозје, симбол за Тиквешијата, за кој се смета дека има лековити својства. свд/сст/

Остани поврзан