• четврток, 04 декември 2025

Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски

Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски

Вилријк, 6.август 2025 (МИА) - Младиот македонски тенисер Марко Алексовски избори четвртфинале на турнирот „Младински шампионски куп“ што се игра во белгискиот град Вилријк. 14-годишниот Алексовски со пресврт стигна до победа од 2:1 во сетови против Луис Бернардо Саравија од Португалија. Првиот сет со 7:5 во гемови го освои Саравија, а следните два му припаднаа на македонскиот тенисер со 6:1 во гемови. 

Претходно Алексовски во првото коло го победи Закарија Азаз од Франција со 2:0 во сетови, а во второто беше подобар од Андрија Мартиновиќ од БиХ истотака со 2:0 во сетови.

Утре во четвртфиналето Алексовски ќе игра против Ејдан Чан од Австралија.

Инаку, Марко Алексовски е дел од тимот на ИТФ Тенис Европа.  мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан